Балкан
10. December 2019 - 15:24

Повторно се затресе Албанија, 12 земјотреси за 71 час, граѓаните во паника

Албанија денеска повторно ја потресе земјотрес со јачина од 3,4 степени.

Како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар, тоа беше 12 потрес регистиран во Албанија за 71 час.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 27 километри.

Првите извештаи од самото место говорат дека немало материјална штета, но луѓето во паника излегле од своите домови.

Да потсетиме, во серијата силни земјотреси кои на крајот на ноември ја погодија Албанија настрадаа 52 лица.