Македонија
1. March 2021 - 16:47

Повторно се плаќаат сметки во Пошта, но со поскапа провизија

Од денеска повторно може да се плаќаат сметки во Македонски пошти. Засега тоа е можно во 35 филијали ширум земјава, а веќе од следната недела ќе се овозможи платен промет во сите експозитури на Пошти. Провизијата сега е поскапа за 10 денари и чини 35 денари по трансакција.

Поради пропаѓањето на Еуростандард Банка, Македонски пошти повеќе од половина година не нудеа услуги поврзани со платен промет, што предизвика големи загуби за фирмата.

Освен што со години го има статусот на загубар, оваа државна фирма се соочува и со превработеност. Од друга страна, заради зголемување на продуктивноста директорот вели дека се потребни нови кадри.

Според плановите, Македонски пошти најпрво ќе ги прошират услугите што ги нудат, со цел да се намалат загубите и да се зголеми конкурентноста на фирмата, за потоа да се пристапи кон приватизацијата, која со години се најавува.