Македонија
22. July 2021 - 16:36

Повторно почна работата на експресниот пат Градско - Прилеп

Повторно започна изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, на првата делница од Градско до Дреново откако претходно Владата го раскина договорот со италијанската компанија „Тирена скави“, сега работите ги презеде австриски Штрабах. Инвестиција е 24, 7 милиони евра, од кои 85% се обезбедени од ИПА фондовите. Должината на оваа делница е 15,5 км.

„Досега вкупната изградба на патот е со 34,4%, што значи дека новиот изведувач има обврска да ги доизгради останатите 65%. Крајниот рок е месец јули 2023 година, но моите очекувања се дека тој рок може да биде и порано ии целиот експресен пат да биде завршен пред самиот рок“, истакна Благој Бочварски, министер за Транпоспорт и врски.

Наскоро се очекувало иинтензивирање на работите и на втората делница од Дреново до Фариш. И таму Владата го раскина договорот со претходниот изведувач, шпанската Рубау, а изведбата ја презеде кинеската „Синохидро“. И на овој дел се изградени се само 35% од предвидената траса. И оваа траса се очекува да биде завршена во 2023 година, нејзината должина е 10,2 км, а истата чини 31,8 милиони евра, средства од ЕБОР.

„Поинаку ќе биде и за економијата тука, развојот воопшто, ќе се скрати времетраењето на пристиигнување од Прилеп до Скопје, а особено безбедноста на граѓаните коии ќе патуваат од овој регион“, додаде Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Во подготовка била документацијата и за изградба на трета лента на Плетвар од село Беловодица до каменоломот Маврово и проширување за уште една лента на потегот Ленишка река до влезот на Прилеп.