Македонија
26. February 2021 - 11:12

Повредени три лица откако со своето возило излетале од патот

На 25.02.2021 во 16.20 часот било пријавено дека во Куманово, на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.