Loading Video...
Фудбал
26. May 2020 - 16:20

Повредата на Ибрахимовиќ не е толку сериозна, но прашање е дали ќе може летово да му помогне на Милан

 
Италијанските екипи веќе почнаа со подготовките за рестарт на шампионатот, што според најавите треба да се случи во втората половина на следниот месец. Но, долгата пауза без адекватни подготовки е причина за бројните повреди со кои се здобиваат спортистите.  Таков е и случајот со шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ. 
 
Имено популарниот „Ибра“,се добил со повреди на синоќешниот тренинг на Милан. Иако во прв момент се стравуваше дека станува збор за повреда на Ахиловата тетива, што би значело не само пауза од една година туку и воопшто загрозување и крај на кариерата за Швеѓанецот, сепак денеска од Милано доаѓаат смирувачки информации. 
 
По првичниот преглед кој е направен, констатирано е дека нема повреда на Ахиловата тетива, туку дека станува збор за повреда на листот на ногата. 
 
Првата препорака од лекарскиот тим на „бјанко-нерите“ е засега Ибрахимовиќ да одмара десетина дена по кои повторно ќе оди на преглед, по кој пак треба да биде потврдена и конечната одлука колку Швеѓанецот ќе отсуствува од терените!?
 
Според италијанските медиуми, Ибрахимовиќ ќе паузира од 30 до 45 дена, што би значело дека ќе го пропушти поголемиот дел од рестартот на шампионатот, а некои одат дотаму и прогнозираат дека Швеѓанецот нема да биде подготвен ниту до август месец за кога е предвидено и комплетирање на оваа сезона во италијанската Серија А.