Loading Video...
Свет
27. July 2020 - 16:31

Повеќето Американци сметаат дека земјата под водство на Трамп оди во погрешна насока

На 100 дена пред изборите, повеќето Американци сметаат дека земјата под водство на претседателот Доналд Трамп оди во погрешна насока, ова се резултатите од најновите истражување.  Вака размислуваат осум од 10 граѓани, што е најголем број од кога Трамп е на функција.

Бројките покажуваат дека начинот на кој претседателот се бори против коронавирусот, го поддржуваат 32 отсто од Американците. 38 проценти од граѓаните, сметаат дека економијата е во добра состојба, што претставува пад од јануари пред пандемијата, кога така мислеле 67 проценти од испитаниците.

Дури и ако се обиде да се фокусира на трката против најверојатниот противник од редовите на демократот Џо Бајден, на разни културни теми и пораки за „законот и редот“, шансите на Трамп за реизбор ќе бидат тесно поврзани со тоа како ќе се бори против пандемијата и дали гласачите ќе веруваат дека земјата ќе се врати во нормала под негово водство, пренесуваат светските медиуми.

Германија  не го прифати предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп кој пред еден месец, предложи рускиот претседател Владимир Путин да биде поканет на средбата на Групата седум најразвиени земји. Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас рече дека не гледа можност да и дозволи на Русија да се врати во Г7 се додека не се оствари значителен напредок во решавањето на конфликтот во Крим. Русија беше исклучена од Г7 пред 6 години, по анексијата на Крим.

Во светот до сега се заразиле над 16 милиони луѓе од коронавирусот. Најголемо жариште и понатаму се САД со над 4 милиони инфицирани и 150.000 починати луѓе. Бразил е втората критична земја во светот со речиси 2,4 милиони инфекции и 86.000 смртни случаи. Трето жариште е  Индија со милион и 500 илјади заразени и околу 33.000 починати лица.