Повеќе приведувања поради дрога во Тетовско, меѓу нив и бугарски државјанин
Во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Тетово се приведени и донесени за почнување постапка осум лица поради сомнение дека се инволвирани во кривични дела поврзани со дрога. Околу пладне на улица „Илинденска“ во Тетово, приведени се Ш.И.(57) и Ј.С.(50), двајцата од Тетово, затоа што при преглед им бил пронајден хероин.
-Во 20 часот во СВР Тетово биле донесени Е.И.(26), А.Д.(27) од Скопје и Р.И.О.(30) од Република Бугарија, кои околу 12 часот и 25 минути биле лишени од слобода во Скопје, а поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.Тројцата се сомничат дека биле инволвирани во случајот со пронајдените две вреќи со марихуана на локален пат над тетовското село Камeњане, пријавен на 4 мај годинава околу 22 часот. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и денескасо соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Останатите три лица се приведени околу 22 часот, во тетовско Желино, кога кај С.А.(20), Џ.У.(21) и Ф.О.(33) од тоа село при преглед на патничкото моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, била пронајдена марихуана.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана