Loading Video...
Свет
19. April 2021 - 12:25

Повеќе од половина од возрасната популација во САД примила барем една доза од вакцина против Ковид-19

Повеќе од половина од возрасната популација во САД примила барем една доза од вакцина против Ковид-19, додека речиси третина од населението добило по две дози, покажуваат податоците на Центрите за контрола и превенција на болести.

САД започнаа да ја вакцинираат популацијата пред четири месеци. Во ризичната група на лица постари од 65 години, 81 процент од нив ја примиле првата доза, а околу две третини се целосно вакцинирани.

Во моментов се дистрибуираат повеќе од три милиони дози дневно во САД, а вкупно се поделени 210 милиони дози. САД најмногу користат вакцини „Модерна“ и „Фајзер“, додека вакцинирањето со „Џонсон и Џонсон“ неодамна е прекинато, по шест случаи на церебрална венска тромбоза.

Според стапката на вакцинација, САД во моментов заостанува единствено зад Израел.