Повеќе од 600 медицински сестри починаа од Ковид-19 во светот
Во светот повеќе од 600 медицински сестри починаа од новиот коронавирус, со кој, според проценките, се заразени околу 450.000 здравствени работници, соопшти денеска Меѓународниот совет на медицински сестри.
Бројот на смртни случаи меѓу медицинските сестри е повеќе од двојно зголемен минатиот месец, покажува извештајот врз основа на податоците од над 30 земји.
– Во последните два месеца сведоци сме на зголемен број на медицински сестри починати од инфекција со коронавирус низ светот, од 100 на 600, и веруваме дека бројот на заразени здравствени работници изнесува околу 450.000, изјави извршниот директор на Советот, Хауард Кетон.
Точниот број на заболени медицински работници не е познат, но просечно тие изнесуваат седум отсто од сите случаи на Ковид-10. Стапката на заболени здравствени работници се разликува од една до друга земја. Во Сингапур, на пример, тој процент изнесува еден, додека во Ирска се над 30 отсто заразени медицински работници.
Во Меѓународниот совет на медицински сестри членуваат 130 национални здруженија и повеќе од 20 милиони регистрирани медицински сестри.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово