Македонија
20. September 2021 - 9:33

Потребни се едукативни програми за прва помош при несреќи

Паѓањето во бессознание, клиничката смрт, топлотните  удари, Скршените и раните се најчестите повреди кои се јавуваат кај  населението  во 21 век и на кои може да се укаже прва помош. Анализите на црвениот крст покажуваат дека голем број од граѓаните се обучени и знаат да дадат прва помош, но многу често кога ќе се најдат во таква ситуација сепак не го прават тоа поради страв да не направат погрешен чекор.

Со цел да ја подигне свеста кај населението, а пред се кај младите струмичкиот црвен крст започна со серија активности кои   имаат за цел да се укаже на важноста  на првата помош.

Во рамките на кампањата за подигање на свеста за значењето на првата помош волонтерите од струмичкиот крст  реализираат и показни вежби на отворено преку кои ги презентираат нивните вештини и знаење, а истовремено ги едуцираат граѓаните за постапките кои треба да ги преземат доколку се најдат во ситуација за пружање на првата помош. Вежбите се реализираат по повод на светскиот ден на првата помош и че траат цел месец.