Фудбал
17. November 2020 - 14:30

Последни подготовки на македонските фудбалери за дуелот портив Ерменија

Најдобрата македонската фудбалска селекција втор ден е во Никозија, Кипар, каде утре ќе го одигра последниот меч од второто издание во Лигата на нациите.
 
Со видно изменет состав и безмалму цел прв тим, Македонија ќе го игра последниот меч од Лигата на нациите против Ерменија. 
 
Селекторот Ангеловски, кој од обврските ослободи неколкумина фудбалери, дел пак се пожалија на повреди, а дел немаат право на настап поради жолти картони, со она што ќе го има на располагање ќе им се спротивстави на Ерменците, кои неделната победа над Грузија се надеваат на освојување на првото место во групата, а со тоа и промоција во повисок ранг. 
 
На нашата репрезентација доволен ќе и биде и нерешен резултат за да ја сочува првата позиција и да направи нов исчекор погоре преку ова натпреварување. 
 
Дуелот Ерменија – Македонија што ќе се игра утре ќе започне од 18 часот.