Loading Video...
Ракомет
25. November 2021 - 16:00

Последен меч на Вардар пред својатапублика во 2021 во Лигата на шампиони

Ракометарите на Вардар вечерва ќе го играат последниот меч пред својата публика во оваа календарска година, во елитната Лига на шампиони
 
Вардарци во Јане Сандански го пречекуваат тимот на ПИК Сегед од кого минатата недела загфубија на гости со 31-24. 
 
Црвено-црните ќе се обидат да ја прекинат серијата четири порази во низа и конечно да ја израдуваат својата публика. 
 
Со дуелот, Вардар – ПИК Сегед што ќе започне до 20:45 часот, ќе биде комплетирано 8 коло во А групата во која вчера домаќините имаа 100% ефект, откако Алборг го совлада Кил, Монпелје беше подобар од Елверум, а ППД Загреб на првата победа се радуваше во дуелот против мешков Брест. 
 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ  -   А ГРУПА  -  8 КОЛО                                    

 

ЧЕТВРТОК

ВАРДАР

ПИК СЕГЕД

од 20:45 часот

СРЕДА 

АЛБОРГ

КИЛ

35 – 33

 

МОНПЕЛЈЕ

ЕЛВЕРУМ

39 – 32

 

ППД ЗАГРЕБ

МЕШКОВ БРЕСТ

31 – 24

 

            ТАБЕЛА

1

МОНПЕЛЈЕ

13 бодови

2

КИЛ

11

3

АЛБОРГ

10

4

ПИК СЕГЕД

10  (-1 напревар помалку)

5

ЕЛВЕРУМ

8

6

ВАРДАР

5  (-1)

7

ППД ЗАГРЕБ

4

8

МЕШКОВ БРЕСТ

0

 
Во последните два меча во 2021 година Вардар ќе гостува во Германија кај Кил на 2 декември (20:45 часот) и во Хрватска кај ППД Загреб шест дена подоцна (8 декември - 20:45 часот).