Македонија
15. October 2021 - 16:44

Последен ден од предизборната кампања

Со изградба на мостот „Михајло Апостолски“ на булеварот АСНОМ, првиот човек на градот Петре Шилегов ќе го решава проблемот со сообраќајниот метеж во Скопје. На овој начин, жителите на Аеродром нема да чекаат по 40 миниту кога одат или се враќаат од работа, рече Шилегов на последиот ден од предизборната кампања.

Чистење на дивите депонии, промена на градските автобуски линии, продолжување на линиите до заборавените места ,намалување до 25 проценти на цените на паркинзите кои се во надлежност на градот,  се дел од проектите кои независната кандидатка поддржана од опозицијата Данела Аровска  најави дека ќе ги реализира во првите 82 дена од својот мандат доколку победи на изборите.

Коалицијата предводена од СДСМ вечерва ќе биде во Арачиново и Куманово, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави својата програма во Карбинци, Лозово,Свети Николе и Штип. Алијанса на абланците ќе се обратат пред тетовчани, а завршен собир  во тетово ќе има и Беса.