Бизнис
15. November 2019 - 17:00

Поскапува автопатот Кичево - Охрид

Обезбеден  нов заем во износ од 163 милиони евра ( 180 милиони долари ) за  изградба на автопатот Кичево-  Охрид. Собранието го изгласа предлог законот  за ново задолжување кај Експорт – импорт банката од Кина. Од опозицијата  посочија дека ќе го подржат прелогот,  затоа што  Кичево - Охрид е  проект од ВМРО ДПМНЕ и треба да се доврши.  Обвинија дека власта кога била во опозиција постојано  критикувала дека трасата е промашена  и служи за собирање провизии, за сега да го промивира како проект  кој ќе обезбеди сигурен транспорт.

Од власта пак образложија за што ќе бидат потрошени  парите.

Кредитот е со рок на отплата од  20 години со вклучен гресј период од 5 години. Каматната стапка е фиксна и ќе изнесува 2 проценти.

Иако првично се предвидуваше да изнесува 400 милиони евра,  сега со новиот заем делницата од Кичево до  Охрди долга околу 60 километри ќе чини повеќе од  половина милијарда евра.

Со новото продолжување на рокот, треба да биде готова до средината на идното лето.

Автопатото Кичево – Охрид почна да се гради во 2014 година.