Македонија
6. December 2019 - 14:43

Поради пад на системот колона возила кај граничниот премин „Станке Лисичково“ за влез во Бугарија

– Пад на системот на граничниот премин „Станке Лисичково“ повторно им прави проблеми на патниците кои преку граничниот премин Делчево решија да заминат на продолжен празничен викенд во Бугарија. Патници информираат дека задржувањето поради овој проблем е до час и половина од бугарска страна.

– Пред мене има дваесетина возила и се што ни преостанува е да чекаме да се среди работата и да пројдеме. Не ни се случува ова прв пат. Ако сакаат повеќе туристи ќе мора да го решат овој проблем, вели граѓанин.

Неодамна при заедничката посета на министрите за внатрешни работи на земјава и на Бугарија беше најавена реконструкција на овој граничен премин со проширување на коловозот за уште една сообраќајна лента. Бугарскиот министер Младен Маринов тогаш најави дека градежните работи ќе започнат во 2020 година.

Процедурата за поминување на преминот од македонска страна, како што додаваат надлежните, се одвива без проблеми. Поради продолжениот викенд, поголем наплив на возила се очекува во текот на утрешниот ден