Бизнис
20. April 2021 - 16:49

Поради доцнењето на петтиот пакет мерки плата за март чекаат речиси 55,000 работници

Скоро 65 илјади работници се уште немаат земено плата за февруари и март. Од нив, само во март се близу  55 илјади, објави директорката на УЈП Лукаревска. Работодавачите најверојатно  ја чекале државната помош од петтиот сет мерки, па затоа ги оставиле вработените без заработеното.  Затоа засега нема да почнат со присилна наплата.

 До законски предвидениот род до 15 април бруто плата не исплатиле 14.998 работодавачи за 54.662 вработени лица,. За разлика од март, февруарската плата не ја исплатиле 3.774 работодавачи за 9.947 работници, рече Лукаревска.

Од денеска до 30-ти април фирмите можат да аплицираат за  државната помош за исплата на плати. Објавен е правилникот за формата и содржината на барањето, на кое УЈП  треба да им одговори во рок од 3 дена дали и колкава помош им следува. Потоа работодавачите поднесуваат МПИН пресметка, а парите ќе ги добијат најдоцна за 5 дена. Ова значи дека најголем дел од работниците ќе останат без плати и за празниците. Инаку со ветената државна помош се очекуваа плати за 60,000 работници.

За оваа мерка од буџетот се издвоени 1,9 милијарди денари или скоро 31 милион евра, пари кои се наменети за исплата на плати за скоро 60,000 работници, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими

Помошта од петтиот сет мерки пратениците ја изгласаа во неделата, по  неколку месеци задоцнување.