Ракомет
19. January 2017 - 16:44

Попладнево Македонија во директен дуел со Исланд

Машката македонска ракометна репрезенација немаше многу време за одмор на Светското првенство што се одржува во Франција.

По синоќешниот тежок меч против Шпанија, веќе попладнево, нашите најдобри ракометари ги очекува дуелот против Исланд.

Во рамките од последното 5.коло во групната фаза, црвено-жолтите во директен дуел против Исланд ќе решаваат која селекција ќе го освои третото место во Б групата, а со тоа во осминафиналето ќе го избегне дуелот против домаќинот Франција, репрезентација која важи за главен фаворит за освојување на златото.

За овој натпревар селекторот Лино Червар реши да направи измена во составот. Шанса ќе добие пикерот Жарко Пешевски и тоа на местото од крилото Поповски, со што Червар дополнително ќе ја зајакне пивотменската позиција која е една од нашите главни оружја на Светското првенство.

Натпреварот Македонија – Исланд ќе започне од 17 часот и 45 минути, а претходно Тунис ја победи Ангола со 43:34 .