Попладне очекувајте дожд и пад на температурите
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот наместа ќе дојде до нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења и изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, но кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
Во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.
Ново на Сител
-
Уапсен 44 годишен тетовец, кај него пронајдена дрога
-
Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница
-
Македонски автобус се излизгал вчера по обилните врнежи во Србија
-
Медведев: Русија не сака да употреби нуклеарно оружје
-
Во Мајами уверени дека Меси ќе остане во клубот до 2026 година
-
Расел ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Лас Вегас
-
Кристоф Ле Риголер: Да бидеме реални, не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на евроинтеграција
-
Продолжуваат преговорите за пласманот на средствата од унгарскиот заем на стопанството