Loading Video...
Фудбал
12. September 2020 - 19:08

Поништен гол на Силекс во поразот од Струга Т.Л.

Со два натпревари кои се играат попладнево беше отворено 5.коло во ПМФЛ 
 
На дуелот во Струга, каде Силекс загуби од Струга Трим Лум со 2-0, гостите од Кратово беа видно оштетени. Имено во 16.минута по центаршутот на Тимовски, на вистинското место се најде Ристов кој го совлада домашниот голман Ѓуриќ. Но. Судиите решија овој гол на кратовци да го поништат поради наводен офсајд, иако од повторената снимка повеќе од јасно се гледа дека голот беше чист. 
 
Во продолжението односно второто полувреме домаќините постигнаа два гола преку лена во 77-та и Миленковски ви 89-минута. 
 
Во Струмица, Шкендија славеше победа против Беласица со 3-0, па сега тетовци ја презедоа првата позиција на табелата. 
 
 Шкендија сега има 11 бодови еден повеќе од Силекс и Шкупи кој утре му гостува на Вардар. 
 
Во останатите три средби што ќе се играат утре ќе се сретнат: Пелистер -  Македонија Ѓ.П., Ренова -  Работнички и Борец -  Академија Пандев.