Бизнис
12. May 2021 - 20:08

Помош ќе има само за угостителите чија примарна дејност е угостителството

Нема државна помош за рестораните и кафе баровите кои работат како подружници, дециден е министерот Бектеши. Владата не го прифати барањето на дел од угостителите кои не можеа да аплицираат за помош бидејќи угостителството не им е главна дејност. Иако сите тие беа затворени на три недели, со одлука на Владата.

Угостителите пак велат дека одлуката на Владата да не ги промени условите за аплицирање е голема неправда. 

Денеска беа објавени нови 7 јавни повици за шестиот пакет мерки. За помош до крајот на месецот ќе може да аплицираат естрадните уметници, туристичките водичи и агенции како и игротеките, ноќните клубови и компаниите кои се занимаваат со организација на настани. Од Владата најавија дека помош ќе има и за фитнес центрите и фото студијата.