Бизнис
19. March 2018 - 22:38

Половина од увезениоит цемент и арматура со сомнителен квалитет

Половина од увезениот цемент и арматура во земјава кои завршиле  во новоизградените објекти,  не ги исполнувале стандардите за квалитет. Неколку домашни фирми производители на градежни материјали на свој трошок ги направиле испитувањата и реагирале до надлежните институции. По ова материјалите се повлечени. Но останува нејасно колку од нив завршиле на пазарот. Токму затоа Здружението за градежништво бара државата да ја зајакне контролата на увезените материјали инаку ќе има огромни штети.

Серафимовски посочи дека во земјава нема арматура а цементот и покрај домашното производство се увезува поради тоа што е поевтин. Апелираше компаниите да почнат со спроведувањето на новиот Закон за градежни производи во спротивно од следната година нема да можат да учествуваат на тендери и да бидат дел од проекти.

Од градежните материјали во земјава се произведуваат керамичките тули, цементот и керамидите. Нашите фирми коишто извезуваат, во странство мора да направат дополнителни испитувања со што поскапува нивниот производ и станува неконкурентен.Поради ова Здружението се залага за воведување на сертификати за производите кои ќе бидат признаени во целиот регион.