Бизнис
15. April 2021 - 16:38

Половина од рамковно вработените почнале со работа на новите позиции

Половина од рамковните административци кои седеа дома и земаа плата без да работат конечно се на работните места.  Вицепремиерот Груби информира дека 650 веќе работат, а повеќе од 500 уште чекаат. Дел од нив ќе се сместат во МВР, а дел во УЈП  Царина и неколку други институции. Груби уверува дека нема отпор од институциите да ги примат овие лица, иако вчера директорот на ДПИ изјави дека нема да прими несоодветни кадри  во инспекторатот.

- Има некои несреќни изјави на челници на државни институции, но мислам дека и тие ќе се решат. Значи, нема отпор за примање на К5-административци туку има барање за адимистративци кои ги исполнуваат потребите на институциите, а тие претежно бараат правници и економисти. Се надевам дека целиот процес ќе заврши до ребаланс на буџет кога ќе треба средтсва од Министерството за политички систем да се пренаманат во други институциии кои ќе ги примат. Нема да има оптоварување на буџетот, вели вицепремиерот Артан Груби.

Тие што ќе го одбијат работното место ќе бидат ставени на трансфер листа на МИОА и ако не ја прифатат следната понуда што ќе ја добијат ќе останат без работа. Инаку станува збор за 1.349 вработени по рамковен кои со години седеа дома и земаа државна плата без да работат.