Бизнис
20. January 2016 - 19:47

Политичката неизвесност која ја наметна опозицијата погубна за бизнисот

Последиците од политичките случувања  почнаа да се чувствуваат.

Кризата која ја предизвика опозицијата лани, според експерите предизвика благ пад на увозот, што е  уште еден доказ дека компаниите особено странските се воздржани од поголеми активности.

Според нивните очекувања, стагнацијата во бизнис секторот ќе трае најмалку до изборите во април.  Предупредуваат дека ефектите врз стопанството би биле многу поголеми ако и по изборите продолжат политичките превривања.

Кај вработувањето се очекува да има забавување на отварањето на нови работни места од страна на странските фирми.

Стопансвентиците досега многу пати апелираа, да се најде начин што поскоро да се излезе од оваа  криза. За реазлирање на нивните планирани активности потребен им е стабилен бизнис амбиент. И годинава најголем двигател на домашната економиоја ќе биде градежниот сектор.