Бизнис
10. јуни 2016 - 19:43

Политичката криза го намали економскиот раст - Во првиот квартал изнесува 2%

Политичката криза си го данокот. Економијата во првиот квартал од оваа година бележи раст од само 2%. За споредба, во истиот период лани растот на БДП изнесувал 3,8%. Најголем пад има кај бруто инвестициите од над 9 %. Во 2015, во периодот од јануари до март тие бележеле раст ид 11%.

Бројката не е изненадување на владата. Вецепермиерот Пешевски вели дека само разрешница на политичката криза може да ја врати економската стабилност во земјата.

Двигател на растот во првото тромесечие годинава се банките и осигурителните компании кои пораснале за 13,3%. Градежништвото пораснало за 7,7%. Извозот пораснал за 14,7%, увозот за 7,6%.

Според Светска банка пак, земјава и покрај политичката криза бележи солидни економски резултати. Во најновиот извештај стои дека Македонија годинава ќе има раст од 3,7%, а во следните две години тој ќе стигне до 4%.

Според домашните проекции пак, ако кризата заврши растот на БДП до крајот на 2016 ќе изнесува 3,5%, а ако таа продолжи економијата ќе порасне за минимални 1,6%.