Македонија
28. March 2020 - 19:41

Полициски час од 16:00 до 05:00 часот

Полициски час од 16:00 часот за првпат денеска стапи во сила.

-Тишина и празни улици е денешната слика по стапувањето во сила на полицискиот час. Денеска за првпат движењето се ограничува среде бел ден.

Граѓаните кои ги анкетиравме непосредно пред да почне забраната велат дека ги почитуваат владините мерки за сузбивање на ширењето на Ковид-19.

Во викенд полицискиот час, кој е подолг за пет часа, изземени се само земјителците раногради кои имаат неодложни активности со производство во пластеници. Сите останати земјоделци, пак, ако имаат неодложни активности треба телефонски да побараат дозвола од МВР.