Македонија
2. јуни 2020 - 17:02

Полициска асистенција за тестирањата во Лабуништа

Лабуништани со полициска асистенција се тестираат за коронавирус. Тие често пати несоработуваат со здравствените работници па дури и со навредливи зборови одбиваат да им се земе брис ,ги кријат симптомите и се лекуваат во домашни услови срамејќи се од соседите и пријателите велат од Центарот за јавно здравје. Според епидемиолошките истражувања и анкети станува збор за лица кои се семејно поврзани со заболен и кои присуствувале на најразлични настани.

Во струшкото село Лабуништа регистрирани се 16 смртни слуачеви. Денеска почина 56 годишна жена  а вчера 44 годишен медиумски работник вработен како техничар во локална телевизија кој месец и пол работел од дома.

Од Центарот за јавно здравје велат дека свеста за почитување на препораките против ширењето на вирусот е на ниско ниво. Инаку моментално во Лабуништа има еден активен случај на Ковид 19 додека во Струга 12.