Свет
17. November 2019 - 14:41

Полицијата уапси најмалку 40 луѓе во протести во централен Иран

Иранската полиција уапси 40 лица во Јазд, централен Иран, каде демонстрантите и полицијата се судрија за време на протестите за зголемувањето на цената на горивата.

-Уапсените се обвинети за вандализам, изјави обвинителот Мохамед Хадаџад.

Повеќето од уапсените демонстранти не се од Јазд и околината.

Врховниот лидер во Иран, ајатолахот Али Хаменеи, денеска ја поддржа одлуката за зголемување на цената на горивата за најмалку 50 проценти.

Таа одлука предизвика протести во неколку ирански градови.