Македонија
15. July 2020 - 10:58

Полицијата отстрани знамиња на политички партии во близина на гласачко место

За време на предизборниот молк, до 07 часот однсоно отворање на избирачките места, биле регистрирани осум настани од кои шест биле на подрачјето на СВР Скопје и по еден на подрачјето на СВР Струмица – Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес. На подрачјето на СВР Скопје, во с.Виниче и с.Љубанци биле забележани закачени знамиња на политичка партија во близина на гласачки места. По интервенција на избирачките одбори знамињата се отстранети, а пак на другите места се пронајдени флаери и плакати во близина на гласачките места, а пак во Автокоманда и Велес било пријавено дека во близина на гласачките места биле испишани графити со политичко мото.