Loading Video...
Ф1
22. May 2021 - 17:56

Пол-позиција за Леклерк на утрешното Гранд-при на Монако

Супер интересна трка не очекува утре низ улиците на Монте Карло, каде ќе се вози Гранд-прито на Монако во формула 1 шампионатот. 
 
Ваквата констатација доаѓа по денешните квалификации на кои најбрзо време оствари возачот на Ферари, Чарл Леклерк кој ќе ја има пол-позицијата. 
 
Веднаш зад него од приот ред ќе започне Макс Верстапен на Ред Бул, додека во вториот ќе бидат пилотот на Мерцедес Валтери Ботас и Карлос Саинц од Ферари. 
 
Актуелниот светски првак и лидер во Генаралниот поредок Луис Хамилто ќе стартува дури од седмата позиција, а пред себе во третиот ред Британецот ќе ги има Норис на Мекларен и Гасли од Алфа Таур.