Loading Video...
Ф1
10. April 2022 - 15:35

Пол-позиција за Леклер за ГН на Австралија

 
 
Шарл Леклер е победник на третата трка во формула 1 шампионатот што се возеше за Големата награда на Австралија 
 
Возачот на ферари ја потврди својата доминација и од самиот почеток, па се до крајот на трката што се возеше на патеката Мелбурн парк, оставајќи ги зад себе конкурентите. 
 
Актуелниот светски првак Макс Верстапен поради проблеми со болидот, предвреме да ја заврши трката, па по неговото откажување, втората позиција му припадна на неговиот тимскиот колега Серхио Перез, а подиумот комплетира Џорџ Расел од Мерцедес кој заврши како трет пред тимскиот колега Луис Хамилтон 
 
По двете победи сезонава лидер во Генералниот пласман е Леклер со 71 бод, пред Расел кој собра 37, а трет е Саинц со 33.
 
Следната трка е закажана за 4 април кога на патеката Имола ќе се вози Големата награда на Емилија Ромања.