Loading Video...
Ф1
9. April 2022 - 17:42

Пол-позиција за Леклер за ГН на Австралија

Шарл Леклер ќе ја има стартната позиција на утрешната инаку трета трка сезонава во Формула 1 шампионатот, што ќе се вози за Големата награда на Австралија. 
 
Возачот на Ферари кој победи на првите две трки во новата сезона, денеска оствари најбрзо време во квалификациите возени на патеката Мелбурн парк, оставајќи ги зад себе болидите на Реал Бул. 
 
Така во првиот ред, но зад Леклер ќе биде актуелниот светски првак Макс Верстапен додека од вториот ред ќе започнат Серхио Перез и  Ландо Норис од тимот на Мекларен
 
По нив ќе следуваат Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Даниел Рикардо, Естебан Окон, Карлос Саинц и Фернандо Алонсон.
 
Стартот на утрешната трка за ГН на Австралија е во 7 часот наутро