Бизнис
2. March 2021 - 16:34

Подготвен протоколот со кој рестораните очекуваат почеток со работа, ако нема договор ќе има нови протести

Свадба без оро, а единствен танц да биде само тој на младоженците со кој ќе стартува прославата. Без жива музика со ограничен број на гости. Дезинфекциски средства на сите маси, а персоналот задолжително да носи заштитна маска. Работното време да е до 21 часот. 

Претставнците на рестораните за свадби го изготвија новиот протокол за работа. Велат има минимални измени од претходниот. Денеска ќе го достават до Владата. Ова беше договорено и на вчерашната средба со вицепремриот Битиќи и директорот на пазарен Пауновски. Се надеваат дека Комисијата ќе го прифати, во спротивно од следната недела повторно излегуваат на протести. 

Стравуваат дека ако не им се дозволи да работат дека  ќе мора да се откажат од бизнисот и да го продадат локалите.

Од Комисијата за заразни болести за Сител посочија дека во текот на неделава ќе имаат состанок на кој ќе го разгледаат новиот протокол и во зависност од епидемиолошката слика ќе одлучат дали ќе им се дозволи да отворат.

Рестораните за свадби имаат забрана да работат од јуни минатата година.