Loading Video...
Кошарка
29. July 2020 - 14:40

Подготовките завршија, во петок наутро продолжува НБА лигата

Со неколку интересни дуели заврши подготвителниот период за рестартот на најсилната кошаркарска лига НБА 
 
Доколку „денот по уторо“ се познава тогаш во продолжението на НБА сезоната не очекуваат супер интересни и неизвесни натпревари. 
 
Впрочем. Најнеизвесниот натпревар во подготовките практично беше последниот одигран меѓу Далас и Филаделфија кој го добија „Маверикси“ по продолжението со 118-115. 
 
Словенечко-летонскиот тандем Дончиќ – Порзингис се во одлична форма, а токму тие двајцаа беа и најдобрите поединци во победничката екипа. Дончиќ средбата ја заврши со 23 поени на кои придодаде 7 скокови и 6 асистенции, додека Порзингис оствари дабл-дабл со 17 поени и 12 скокови. 
 
 
Во топ форма е и Џејмс Харден кој во убедливата победа на Хјустон над Бостон со 137-112 постигна 35 поени. 
 
Ова е и добра најава првиот и тоа меѓусебен дуел на Далас и Хјустон по рестартот на сезоната, што е закажан за 1 август во 3 часот наутро. 
 
Инаку првиот официјален мече ќе се игра во петок кон сабота 30.минути по полноќ кога на теренот во „Дизниленд“ ќе истрчаат кошаркарите на ЊУ Орлеанс и Јута, по што ќе следува и првото големо дерби и тоа меѓу ривалите од ЛА, Лејкерси и Клиперси.