Loading Video...
Спорт плус
17. July 2022 - 10:43

Поделени шест сета медали на Светското атлетско првенство

 
Во нај атрактивната дисциплина, 100-ката кај мажите, Американците ја потврдија својата доминација освојувајќи ги трите медали. 
Сребрениот од Токио, Фред Керли, кој уште во квалификациите истрча неверојатен резултат од 9,79, најави дека е главе фаворит за златото на 
на Мундијалот, Тоа го потврди во супер неизвесната трка во која истрча време од 9.86 секунди, што беше за 1.стотинки побрзо од сребрениот Марвин Брејси, а односно две од бронзениот Тревион Бромел.
 
На задоволство на домаќините, Чејс Ејли го златото во фрлање ѓуле . Таа уште во првиот обид фрли на далечина од 20,49.местри, доволно да ја остави зад себе Олимписката шампионка Гонг Чиџиао од Кина чие најдобро фрлање беше за 10.сантиметри пократко. 
 
Затоа пак Кинезите се радуваа на злато во скок во далечина во машка конкуренција. Ванг Џианан е титулата светски првак стигна со скокот од 8 мести и 36 сантиметри во последната серија, откако во претходната Гркот, Милтадис Тентоглу доскокна до 8.32 метри, што сепак беше доволно само за среброто. Швајцарецот Симон Ехамер го освои бронзениот медал. 
 
Конечно злато од Мундијалите и на градите на актуелната светска рекордерка Летесенбет Гидеј. Етиопијанката која има најдобро време во историјата во трката на 10 км. конечно успеа да го издржи притисокот од ривалките од Кенија.  Бронзената од Олимпијадата во Токио, во неизвесен финиш за само 8 односно 10.стотинки беше побрза од Кенијките, Хелен Обири и Маргарет Кимпкембои кои се закитија со среброто и бронзата. 
 
Својата доминација ја потврди Павел Фајдек, кој по петти пат во низа е Светски првак во фрлање кладиво. Полјакот, до златото стигна со далечина од 81.98 метри, оставајќи го зад себе сонародникот Војчех Новицки кој до сребрениот медал стигна со должина 81 метар и 3 сантиметри, додека бронзата му припадна на Норвежанецот Елвинд Хенриксен со дофрлени 80.87 метри.
 
Фајдек е само вториот атлетичар во историјата кој освоил пет светски злата едноподруго, по легендарниот скокачот со стап Сергеј Бубка, кој беше Светски шампион на шест последователни првенства.