Поддржани измените на Законот за лекови и медицински средства во собраниската Комисија за здравство
Собраниската Комисија за здравство попладнево на седница даде поддршка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка во второ читање поднесен од пратениците Ненад Коциќ, Кастриот Реџепи, Арбер Адеми, Бети Рабаџиевска Наумовска, Белкиса Зеќири, Емилија Рамбабова.
Со предложените решенија ќе се овозможи создавање на законски претпоставки за издавање одобрение за ставање во промет на вакцините против Ковид-19 кога подносителот на барањето нема седиште на територијата на Република Македонија, како и за издавање на условно одобрение за ставање во промет во случај кога барателот кон барањето не ја доставил целокупната документација согласно членот 20 од Законот за лековите и медицинските средства.
Предлагачите во образложението наведуваат дека од моменталната ситуација на светско ниво предизвикана од Корона вирусот потребно е итно да се заштити населението со ефективни вакцини против Ковид-19 со кои ќе се намалат штетите кои ги предизвика вирусот Ковид-19 и ќе се заштитат економиите на глобалано ниво. Според нив заради намалување на штетите од Корона вирусот COVID-19 владите низ целиот свет го финансираат развојот на вакцини и склучуваат билатерални договори со
производители на вакцини. Наведуваат дека заради сигурност и заштита на македонските граѓани Владата на Република Македонија е должна во најкус можен рок да им обезбеди вакцини на граѓаните против Ковид-19.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација