Бизнис
25. May 2016 - 19:37

Почнува изградбата на четири експресни патишта со должина од 120 километри инвестиција вредна 300 милиони евра

Втората половина од годинава почнуваат да се градат  4 те експресните патишта низ државата.  Станува збор за патните  правци Штип Кочани, Кочани Делчево, Штип Радовиш и Крива Паланка Ранковце, чија вкупна должина изнесува 120 километри.  Во нив државата инвестира 300 милиони евра.

Максимално сме фокусирани на сите овие проекти. Очекувам веднаш по завршувањето на целата документација и останатите пропратни активности, следната година да почнеме и со конкретните работи на терен, посочи министерот.

Покрај овие, започната е и реконструкцијата  на патниот правец Кочани Делчево, каде ќе се инвестираат  6,6 милиони евра

Паралелно со изградба  на експресните патишта, интензивно се работи на реконструкција и  рехабилитација на 14 регионални патни правци, во вкупна должина од 175 килемотри. Станува збор за патните делници Велес Кадрофаково, Битола Ресен Буково, Тетово Брвеница Чегране Гостивар, нов Дојран Николиќ, Делчево Голак, бошов мост Дебар и други.  Државата во нив инвестира  над  80 милиони евра.