Македонија
26. November 2020 - 18:51

Почнува анти-владиниот протест на опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува протест со автомобили. 

Колоната автомобили тргна од пред Спортскиот центар Борис Трајковски и се упати кон Владата, каде треба да заврши протестот.

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека целта на протестот е достоинствено и мирно да го изразат граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија.

 

 

Катерина Нешкова