Loading Video...
Свет
11. јуни 2021 - 21:16

Почна самитот на групата седум најразвиени земји Г-7, во фокусот ковид пандемијата

Тридневната средба на челниците на САД, Германија, Канада, Франција, Велика Британија и Јапонија почна денеска  со фокус на ковид пандемијата.

Домаќинот на овогодинешниот самит, премиерот на Велика Британија изјави дека земјите од Г7 ќе донираат вкупно милијарда дози на вакцини против Ковид 19 на сиромашните земји и дека ќе биде обезбедена финансиска поддршка за изградба на погони за прозводство на вакцини ширум светот. 

Утре и заздутре дел од темите ќе бидат Кина, Русија и климатските промени.

На крајот на самитот ќе биде објавено заедничко соопштение. 

Настанот се оддржува во летувалиштето Карбис Беј на југозападот на Англија и како што вети домаќинот ќе бидат почитувани рестрикциите кои се на сила во земјата во борбата со Ковид 19. 

За американскиот претседател Бајден, италијанскиот премиер Драги и јапонскиот премиер Сугу ова е прво учество на самит на Г7 а последно кога станнува збор за германската канцеларка и можеби за францускиот претседател.