Македонија
7. October 2022 - 11:53

Почна протестот во Охрид против отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

– Во Охрид почна протестот пред бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ којшто според најавите треба да биде отворен во 12 часот.

Протестот го организира политичката партија „Левица“, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти.

Граѓаните во изјава за медиуми велат дека не се против отварање на бугарски клуб во земјава, но дека името на клубот е провокација.

– Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно – и Цар Борис и Ванчо Михајлов во Битола. Немаме ништо против нивната определба, нека си кажат како се чувствуваат, но имињата се провикативни, велат насобраните граѓани.

Во Охрид има засилено полициско обезбедување, а во моментот дел од насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон.