Loading Video...
Свет
24. February 2021 - 16:44

Почна испораката на вакцини против Ковид-19 преку Ковакс Механизмот, Гана прва доби вакцини

Почна испораката на вакцини против ковид 19 преку Ковакс Механизмот.  Гана е првата земја која доби вакцини од програмата на СЗО. Авион со 600.000 дози од вакцината на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд  утрово  слета во главниот град. Според најавите вакцинацијата ќе почне следната недела  со здравствените работници и високоризничите лица. Програмата има за цел да им помогне да сиромашните земји побрзо да добијат вакцини.  До крајот на годината, преку Ковакс треба да бидат поделени две милијарди дози во 190 држави .

Британската, јужноафриканската и бразилската мутација на корона врирусот се шират низ светот .Високозаразниот британски вид  е  Регистриран  во 101 земја обајви СЗО. Јужноафриканската мутација е проширена во 41 земја додека бразислката е активна во 29 земји. СЗО соопшти и   дека смртноста во светски рамки од Ковид 19 опаѓа шеста недела по ред. Значително намалување на смртноста  има  во Африка и југоисточна Азија. 

Синоќешната ерупција на вулканот Етна е  една од најспектакурланите ерупции во последните  неколку  децении  велат италијанските вулканозли. Лавата што ја исфрлала Етна надминала  висина  од километар и половина  соопшти националниот институт за геофизика и вулканологија. Етна е најактивниот вулкан во Европа.