Loading Video...
Свет
14. March 2018 - 16:46

Почина Стивен Хокинг- Генијалниот ум на теориската физика

Мојата цел е едноставна, а подразбира целосно разбирање на универзумот, таков каков што е и зошто воопшто постои, истакнуваше англискиот и светски познат теориски физичар Стивен Хокинг, кој денеска почина на 77 години во својата куќа во Кембриџ.

- Беше голем научник и исклучителен човек, чија работа и наследство ќе живеат многу години, се посочува во соопштението од неговите дева Луси, Роберт и Тим.

Професор Хокинг беше најпознат по проучувањето на црните дупки, за кои утврди дека со текот на времето губат енергија и избледуваат, за потоа целосно да исчезнат. Таквиот феномен е познат во науката како „Хокингова радијација“.

Хокинг беше првиот светски научник, кој во својата работа ја комбинираше квантната механика со општата теорија за релативитетот на Алберт Ајнштајн. Тој демнострираше дека теоријата на Ајнштајн за релативитетот всушност значи дека вселената, која почна со Голема експлозија, ќе заврши во црна дупка.