Македонија
1. April 2020 - 17:49

Почина родилка на гинекологија, се чека тестот за Ковид-19

Сепса и прекумерена тежина се најверојатно причината за смртта на 37 годишната жена од Охрид и нејзиното бебе, кои доцна синоќа биле примени на скопска гинекологија. Од клиниката информираат дека се работи за екстрено обезна пацинтка, со телесна тежина од околу 150 килограми, со висок крвен притисок и тахикардија која во последните 5 месеци воопшто не била подвижна, ниту посетувала гинеколог. Обдукцијата и земените брисеви сепак треба да покажат дали почината била зараена со корона вирус.

Информациите ги потврди и директорот на охридската болница, кој вели дека неговиот тим во овој случај постапиле по сите протоколи. 

Пред два дена на скопска гинекологија во осмиот месец од бременоста со царски рез била породена 27- годишна жена од Куманово, заболена од коронавирусот.

Во моментот на породување кумановката немала никакви симптони на висрусот, но резултатите ден подоцна биле позитивни. Таа во моментов е префрлена на инфективната клиника, додека се чекаат резултатите од земените брисеви кои треба да покажат дали е заволено и новороденчето.

Од гинекологија информираат дека бебето е во добра здравствена состојба и потенцираат дека место за паника нема бидејќи клиниката е целосно подготвена за  третман на заболени трудници со воспоставени протоколи и посебни изолирано одделенија.