-->
-->
Почина 27 годишно момче од КОВИД-19 на Инфективна, немал претходни заболувања
-->
Дваесет и седумгодишно момче од Куманово заразено со Ковид-19 почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдуваат од Министерството за здравство. Според информациите од таму пациентот немал хронични заболувања, освен покачена телесна тежина.
-Пред да биде донесен на Клиниката, шест дена се лекувал дома, четири дена бил под надзор на матичен лекар, а два дена бил лекуван амбулантски во кумановската болница. Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немал хронични заболувања освен покачена телесна тежина, велат од Министерството за здравство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени