Почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти призна дека дал лажна изјава во истрагата за злоставување
Почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти призна дека дал лажна изјава за време на истрагата за сексуална злоставување во Германската католичка црква, во изјава објавена преку неговиот приватен секретар Георг Гансвајн и објавена на веб-страницата на Ватикан Њуз.
Спротивно на она што тој првично го кажа, Бенедикт учествувал на состанок во 1980 година како надбискуп на Минхен и Фрајзинг, на кој се разговарало за свештеник кој постојано привлекувал внимание за сексуална злоупотреба на деца, јави ДПА.
Тој свештеник подоцна бил вратен како пастор во Баварија.
Грешката „не е направена со лоша намера“, туку е „резултат на превид во уредувањето на неговата изјава“, се вели во соопштението од кабинетот на Јозеф Рацингер, роденото име на пензионираниот папа.
Тој рече дека му е „многу жал“ за грешката и изрази надеж дека може да му се прости, се вели во соопштението
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина