Loading Video...
Кошарка
20. October 2021 - 12:51

Победи на Милвоки и Голден Стејт на стартот на новата сезона во НБА лигата

Со два натпревари одиграни утринава започна новата сезона во најсилната светска кошаркарска конкуренција, НБА лигата 
 
Шампионот Милволки со убедлива победа над Бруклин ја започна новата 75-та сезона во НБА лигата. 
 
„Бакси“ во премиерниот меч пред својата публика го совладаа тимот на Бруклин кој треба да им биде еден од главните конкуренти за трофејот и тоа со 127-104. Најдобриот играч во минатата сезона Антетокуомпо беше предводник на оваа победа со 32 поени, 14 скокови и 7 асистенции, додека на спротивната страна Дурант имаше учинок од 32 поени, 11 скокови и 4 асистенции.
 
Во „Степлс Центарот“ во Лос Анџелес, Лејкерси беа надигани од Голден Стејт со 121-114 и покрај одличната игра на Џејмс и Дејвис кои постигнаа по 34 одноно 33 поени. а двајцата имаа и по 11 скокови, и беа единствените кои имаа двоцифрен број на поени за Лејкерси.
 
Затоа пак во победничката екипа дури шестмина играчи имаа двоцифрен број на поени, а јанмногу постигна Кари 21, додека Пол еден помалку.