Loading Video...
Спорт плус
3. August 2022 - 20:07

Победи на македонските селекции на олимпијадата во Индија

 
Македонските шаховски селекции на Олимпијадата во Индија денеска остварија полн погодок и во рамките на 6-тото коло остварија убедливи победи против Сирија и Финска. 
Машката селекција за разлика од вчера кога ремизираше со селекцијата на Велс денеска ја оправда фаворитската улога и славеше со 3-1 против  репрезентацијата на Сирија. 
Цели поени за нашиот национален тим остварија Емил Ристески, Тони Лазов и Никола Николовски на првите три табли додека Андреј Вељаноски загуби водејќи ги црните фигури од Еити Башир. 
Ова беше трета победа за Македонија која по 6 одиграни има и два порази и еден нерешен резултат. 
Уште поубедливи беа шахистките во фуелот со Финска  и забележаа победа од 3,5 поени спрема половина. Победи за Македонија реализираа Манова Ефтовска и Жежовска додека реми заврши партијата на Стојковска на првата табла против Анастасиа Назарова. 
Ова беше четврта победа за Македонките на олимпијадата со само два порази со што се над учинот од 50 %.  
Утре на шаховската олимпијада на програмата е слободен ден а борбите продолжуваат во петок со мечевите од 7. Коло.