Loading Video...
Ракомет
13. May 2021 - 16:46

Победи на Кил и Барселона во првите дуели од 1/4-финалето во ЛШ

Во елитната Лига на шампиони вчера и  денеска се играат првите средби од четвртфиналната рунда 
 
Германски Кил славеше победа со два гола разлика 31-29 во дуелот со ПСЖ. 
 
Триумф на гости во Брест кај Мешков забележаа ракометарите на Барселона со 33-29. 
 
За денеска закажани две средби. Алборг е домаќин на Фленсбург, додека во вечерниот термин од 20:45 часот Нант со Кирил Лазаров ќе го пречека Веспрем тим кој во осминафиналето го елиминира Вардар.
 
Реванш дуелите ќе ги играат на 19 и 20 мај.