Македонија
19. јуни 2021 - 16:34

По ланските карантини, годинава гужва за Задушница

Годинава за Задушница повторно ги имаше вообичаените гужви и долги колони автомобили околу градските гробишта. Со цел да се одржува ред и да не се прави застој имаше и посебен сообраќаен режим и контрола од припадниците на МВР.
Задушница е денот кога се слави споменот на починатите. Како и вообичаено на овој ден верниците одат на гробишта или во црква да запалат свеќа во чест на тие кои ги изгубиле. Лани поради пандемијата беше забранета посета на гробиштата во целата држава. Годинава нема забрана поради стабилизираната епидемиолошка слика,, но дел од граѓаните сè уште се претпазливи и не сакаат да се движат каде што има гужви, иако ги почитуваат обичаите.

Според свештениците, суштината на денешниот ден е да се спомнат починатите во молитва и да се принесе жртва, но тоа подразбира варена пченица, леб и вино. Раздавањето храна е непотребно и не треба да се практикува. Не е христијански ниту седењето ноќе на гробишта.

Утре, пак, е Духовден, празникот на Светиот дух.

Празникот Духовден, всушност претставува роденден на Црквата, зашто со слегувањето на Светиот Дух се основа Црквата.