Loading Video...
Тенис
31. January 2022 - 10:09

По Австралија опен, Ѓоковиќ и Барти остануваат водечки на најновите тениски ранг листи

По завршувањето на првиот овогодишен Гренд слем Австралија опен, а вообичаено понеделнички се објавуваат најновите тениски ранг листи
 
Без сериозни промени минува најновото тениско рангирање. 
Иако не му беше овозможено да настапи во Мелбурн, сепека Новак Ѓоковиќ останува на првата позиција на АТП листата. 
Сепак, сега Србинот има нешто помалку од 1000 бодови предност во одност на Русинот, Даним Медведев кој беше поразен во финалето а Рафаел Надал.,
 
Шпанецот пак кој дојде до рекордниот 21-ви гренд-слем трофеј останува на петата позиција зад Германецот, Александер Зверев и Гркот, Стефанос Циципас кои се на 2-то и 3-то место. 
 
Единствената промена во ТОП 10 ја направија Матео беретини и Андреј Рубљев , па така сега Италијанецот на на шестото, а Русинот на седмото место. 
 
Затоа пак кај дамите има повеќе промени во 10-те најдобри на ВТА листата. 
Но. Неприкосновена на првото место е Австралијката, Ешли Барти кој откако во саботата победи во Мелбурн. ја зголеми и предност во однос на  второ рангираната Арина Сабаленка од Белорусија. 
 
Сега на третото и четвртото место се Крејчикова и Шватек додека Гарбине Мугуруза од Шпанија од падна четири позиции и сега е седма.
 
Најголем прогрес оствари финалистката на Австралија опен, Даниеле Колинс која направи скок од 20 местоа и е 10-то рангирана на ВТА листата