Бизнис
29. April 2016 - 19:41

Планските региони ќе изработуваат стратегија за иновации

Центрите за развој на планските региони ќе изготвуват стратетигаја за иновации. Во процесот се инволвирани општините, бизнис и академската заедница и граѓанскиот сектор, а со единствена цел да се извлече потенцијалот на површина, што нашите фирми ќе ги направи конкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.

Нашето секојдневие има потреба од нови работи, од новитетите, затоа што всушност на фирмите една мала иновација, една подобра услуга ќе и даде предност пред останатите конкуренти-изјави методи Саздов, член на тимот за изработка на Стратегија на иновации

Стратегии за иновации ќе се изработуваат во сите 8 плански региони кои во подоцнежна фаза ќе понудат серија на мерки и активности, кои ќе придонесат за унапредување на малите и средни претпријатија и нивен зголемен раст и развој.

Да можат тие во своето производство и работа да применуваат иновативни практики и системи-изјави Александар Николов, Центар за развој на источно плански регион

Домашните фирми конкурентноста на пазарот ќе ја остварат со намалување на трошоците на производство, што ќе води кон намалување на цената на крајниот производ.